Куманово одбележува 73 години од загинувањето на Христијан Тодоровски - Карпош
Куманово денеска одбележува 73 години од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош.
По тој повод, делегации од Здружението на борци од НОБ, општина Куманово, АРМ, Кумановскиот музеј, Здружението на армиски и полициски ветерани и граѓански здруженија положија цвеќе пред бистата на Карпош во Куќата музеј во Куманово.
Во обраќањето пред присутните, претставникот на локалната организација на Здружението на борците, Доне Младеновски рече дека Куманово се гордее што во овој град е роден командантот на баталјонот „Јордан Николов Орце“.
Во Куманово во тек е реконструкцијата на Куќата музеј посветена на Карпош, којашто се реализира со поддршка на Министерството за култура. Проектот за реконструкција и целосна обнова на објектот е влезена во Програмата за 2017 година.
Христијан Тодоровски - Карпош е роден во Куманово во 1921 година, а убиен е на денешен ден во 1943 година. Тој го формира кумановскиот партизански одред, кој потоа прераснува во баталјон „Јордан Николов-Орце“. Во 1943 година ги води битките кај Дренак, Пелинце, а на 7 февруари загинува кај селото Билјача. Во 1945 година е прогласен за народен херој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Членови на Десна: Пиштолот секогаш беше близу рацете на Палчо
-
Палевски: Знаев дека ќе ме наместат
-
80 години од ослободувањето на Скопје – За да бидеме победници треба да сме обединети
-
Средба Сиљановска-Радев во Баку: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на принципите и вредностите на ЕУ
-
За ДУИ Ахмети не се заканувал со тоа дека сите Албанци ќе бидат на нозе
-
Поднесени над 300 амандмани за буџетот, утре стартува собраниската дебата
-
Азески е оптимист дека владата и банките ќе се договорат