Кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев“ го прославува патрониот празник
Националната Установа Центар за култура по повод патрониот празник и 109 години од раѓањето на композиторот и диригент Трајко Прокопиев, чие име го носи институцијата, вечерва со почеток во 20 часот, организира концерт на кој ќе настапи хорот „Света Злата Мегленска“ и диригентот Летка Димова Полизова. На програмата ќе бидат изведени дела од Прокопиев, Скаловски, Шуплевски,Лековски, Вивалди, Брајан, Семпер, Кинг, Граси.
„Ги покануваме Кумановци да дојдат, да го проследат концертот и да уживаат во изведбата на делата, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.
Македонскиот композитор Трајко Прокопиев роден е на 6 ноември 1909 година во Куманово. Како композитор на класична музика, диригент и автор на филмска музика, познат е по употребата на историски, митолошки и народни мотиви од културната ризница на македонскиот народ во неговите дела. По дипломирањето на музичката школа во Белград го продолжува школувањето на Прашкиот конзерваториум. Работи како композитор и диригент. Добитник е на повеќе награди меѓу нив и Октомвриската награда на Република Македонија за животно дело, а со хорот „Кочо Рацин“ првата награда на Осмиот интернационален фестивал на хорови во Горица-Италија. Оставарува богато петдецениското творештво, компонирајќи вредни дела, хорски композиции, балет, антологиски опери, филмски музички дела, камерни композиции, базирани на теми и ритмички структури на богатото македонско фолклорно наследство.
Ново на Сител
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада
-
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер
-
Почна со работа Работната група за воспоставување на Регистар за недвижниот имот на државата