Кумуцакос: Нова демократија ќе се изјасни за името откако Владата ќе изгради заеднички став

Грчката Влада најпрво мора да се консолидира, да излезе со единствен став за можното решение за прашање за името, а тоа ќе биде само почеток, бидејќи Нова демократија дури тогаш ќе почне да прави проценка и доколку оцени дека ставот не е добар, секако постои можност да го отфрли, изјави денеска пратеникот од опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.
- Преговорите за спорот со името ги почнавме во многу подобра атмосфера, по смената на власта во Скопје. Во меѓувреме во Грција додека преговорите течат се случува неединство во Владата во однос на ставот за можното решение за спорот, кој е едно од круцијалните прашања од надворешната политика на земјата, нагласи Кумуцакос.
Потсети дека Нова демократија има јасен став за прашањето уште од 2008 година, кој бил изнесен и пред сојузници во НАТО и пред партнерите во ЕУ.
Кумуцакос нагласи дека ниту евроатлантската, ниту европската перспектива на соседната земја не може да се реализира без решавање на прашањето за името на начин кој е прифатлив за двете страни.
- Нова деморкатија најпрво ќе следи како се движат работите во Владата, која треба да усвои единствена позиција, што ќе биде прифатена од сите во нејзиниот состав и која ќе има поддршка од целото парламентарно мнозинство, вели Кумуцакос.
Нагласува дека ова ќе биде само основата за натамошната дискусија.
- Кога тоа ќе се постигне ќе процениме дали тоа решение е добро, дали станува збор за сериозно решение за едно мошне сериозно прашање. Ако решението не е добро нема да го прифатиме, истакна пратеникот на Нова демократија, кој во опозициската партија е задолжен за надворешна политика.
Ново на Сител
-

Приведен 21 возач поради безобѕирност
-

Земјотрес од 3,3 степени почувствуван во Македонија
-

Вучиќ, во пресрет на неговата оставка, најави помилувања и аболиции
-

Кривична пријава за две лица кои измамиле 88-годишник и му одзеле 300.000 денари
-

Скопјанец ја нападнал својата сопруга во Полициското одделение Шуто Оризари по што бил лишен од слобода
-

Приведени повеќе млади лица по нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка
-

Пронајден човечки леш во околина на јавната здравствена установа во Бардовци
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
