-->
-->
Куп на Македонија: Вардар избори учество на завршниот турнир
-->
Кошаркарите на Вардар се последните патници во четвртфиналето од Лимак Купот на Македонија. Во завршниот натпревар од осминафиналната фаза црвено црните како гости во супер неизвесен и драматичен натпревар го победија лидерот во Втората лига Гостивар со 74-69. Вардар ја прекина победничката низа на Гостивар во сезоната 2016/2017 . Гостиварци се без пораз во Втората лига, а во првиот дуел од осминафиналната рунда славеа победа над фаворизираната Струмица со 80-75.
Во решавачкиотнатпревар за место на завршницата од Лимак Купот на Македонија во Кавадарци, Вардар како гостин извојува тешка победа над Гостивар.Од почетокот до крајот на средбата двете екипи се менуваа во водство . Првите две четвртини домаќините ги завршија со предност од 41-36. Фуриозниот старт на гостите од Скопје беше клучен за конечниот епилог на средбата.Во третата делница вардарци го стигнаа и престигнаа водството на Гостивар и во решавачките 10 минути влегоа со предност од 55-50, која избраниците на Кочов успеаја да ја задржат до самиот крај на мечот и на крајот заслужено да слават победа од 74-69 вредна учество на завршниот турнир од Лимак Купот во Кавадарци кој ќе се одржи од 17 до 19 февруари во салата Јасмин.
Најефикасни во победничкиот тим на Вардар беа Калов со 19 и Адекунле со 18 поени. Кај Гостивар Серафимовски постигна 15 коша, а капитенот Ренато Димитриевски заврши со 14 коша.
Четвртфиналните двојки во Лимак Купот на Македонија ќе бидат познати во петок. Во 12 часот во просториите на МКФ ќе се одржи жребување за четврфиналните двојки. Засега се познати само позицијата 1 и 2 на која се двете најдобри екипи од првиот дела на сезоната во Првата лига, Работнички односно Фени Индустри. во првиот квалитативен шешир ќе бидат и нашите учесници во регионалните лиги бранителот на трофејот МЗТ Скопје А. и тимот на Карпош Соколи. Во вториот шешир ќе бидат покрај Вардар уште и екипите на Кожув, Куманово, и АВ Охрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Завршивте добра работа, имаме одлични реформи, ќе почнеме со 52 милиони евра од Планот за раст
-
Малолетник тешко повреден кога со мотоциклот излетал од патот Маврови Анови – Гостивар
-
Анкета: Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп
-
Собранието ќе ја продолжи 17. седница следната недела
-
Претрес во Скопје, пронајдена дрога
-
Мицкоски: До конечната цел, членството во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните
-
Претреси во Штип, пронајдено оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Фон дер Лајен: Правиме се за земјава да ги отвори преговорите за првиот кластер, но потребно е да се разработат и уставните измени