Курц бара построги контроли на австриските граници
Австрискиот канцелар Себастијан Курц побара построга контрола на повратниците од одморите поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во Австрија.
По престојот во една од околу 30 области со ризик, луѓето мора да имаат негативен тест за коронавирус кој не е постар од 72 часа или мора да бидат во карантин 10 дена.
– Мора да има построги контроли, рече Курц, кој не ја исклучи можноста за спроведување на тестови за коронавирус на границата, што би било задача на здравствените власти.
Ризичните области ги вклучуваат континенталниот дел на Шпанија и земјите од Западен Балкан, како и Бугарија, Романија, Русија, Шведска и САД.
Курц потенцираше дека од понеделник и повратниците од Хрватска ќе мора да приложат негативен тест на коронавирус. – Огромен е приливот на вирус од Хрватска, констатираше австрискиот канцелар.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, од Демократско движење
-
„Велигденски Кули“ - Најуникатниот обичај во Македонија
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга