Курц меѓу 28. најважни личности за иднината на ЕУ

За магазинот на Европска унија „Политико“ шефот на австриската дипломатија, најмладиот министер за надворешни работи во Европа, Севастијан Курц „ќе ја обликува и потресе“ Европа.
Курц е на 12. место на ранг-листата предводена од либералниот муслимански градоначалник на Лондон Садик Кан.
За „Политико“ Кан е Барак Обама на Европа.
На второ место се наоѓа германската десничарка Фрауке Петри, бидејќи претставува опасност за германската канцеларка Ангела Меркел, а зад неа е нејзиниот шеф Рајанер Мајкел О Лири,
„Политико“ ја истакнува посебната улога на Курц во затворањето на балканската рута за бегалците, како и дека е најдобра опција за запирање на канцелат од редовите на десничарската Слободарска партија на Австрија (ФПО).
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата година беше прв на листата, како и германската канцеларка Меркел, но годинава двајцата не се на листата.
На ранг-листата се лица кои според магазинот може да имаат позитивно или негативно влијание врз развојот на ЕУ, па затоа на седмо место е и турскиот претседатал Реџеп Таип Ердоган, веднаш зад шегицата на европската дипломатија Федерика Могерини.
Ново на Сител
-

Андоновски: Во 2027 година очекуваме камен-темелник за националниот дата центар
-

Муцунски и Ивановиќ: Европската интеграција, реформите и новата авиолинија во фокусот на разговорите
-

Европратениците ги критикуваат новите овластувања на Фронтекс за надзор на социјалните мрежи
-

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници
-

Шест месеци до година за законско прифаќање на дигиталните лични карти и возачки дозволи, објасни министерот
-

Во Битола над старата касарна откриени и отстранети 1.700 рачни бомби од Првата светска војна
-

Илјадници пациенти плаќале за операции на очи кои веќе ги покрил Фондот: Осум лица приведени
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
