Курц повторно вети борба против политичкиот ислам по нападот во Виена
По терористичкиот напад во Виена, австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека очекува Европа да се откаже од, како што рече, погрешно сфатената толеранција, повикувајќи на напори во ЕУ за борба против политичкиот ислам, пренесува РТ.
„Очекувам крај на погрешно разбраната толеранција… во сите европски земји“, рече Курц за германски „Ди Велт“, додавајќи дека идеологијата на политичкиот ислам ги загрозува нивната слобода како и самиот европски модел на живот.
Курц тврди дека ова прашање е доволно сериозно за да се одговори на европско ниво, додавајќи дека веќе ја покренал оваа тема во разговор со многу европски лидери и планира да почне борба против политичкиот ислам, кој е ставен како точка на агендата на претстојните самити на ЕУ.
Зборувајќи за австриските медиуми, Курц исто така ја нарече „дефинитивно погрешна“ одлуката за условна слобода на напаѓачот од Виена. Претходно, министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер, призна дека исламистичкиот радикал кој уби четири лица и повреди уште 23 лица во понеделникот во Виена „ја измамил“ програмата за дерадикализација надгледувана од Министерството за правда.
Напаѓачот претходно бил осуден на 22 месеци затвор во април 2019 година поради поврзаност со Исламска држава и обид да им се придружи на терористите во Сирија. Сепак, тој бил ослободен само осум месеци подоцна бидејќи веќе не бил сметан за закана.
„Да не беше ослободен од затвор, ваков терористички напад не можеше да се случи“, призна Курц.
Сепак, канцеларот нагласи дека има само еден виновник за овој варварски, кукавички исламистички терористички напад, а тоа е самиот напаѓач.
По нападот во понеделникот, Курц очигледно се обиде да ги смири потенцијалните тензии велејќи дека тоа не е „судир меѓу христијани и муслимани, или меѓу Австријци и мигранти“, туку меѓу „цивилизацијата и варварството“.
Ново на Сител
-

Иран започна напади врз нафтени капацитети во Саудиска Арабија
-

Израел го уби лидерот на парламентарното крило на Хезболах, Мохамед Раад
-

Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг за помалку од два месеца
-

Рана пролет годинава, во текот на денот до 17 степени
-

Нова тура ирански напади врз државите во Заливот, експлозии и сирени во Доха, Дубаи, Абу Даби и Кувајт
-

Трамп: Сите потенцијални наследници на Хамнеи се мртви
-

По нападите врз Иран скок на цената на нафтата
-

Нова војна меѓу Израел и Хезболах: Во израелски напади врз Бејрут загинаа 31 лице, луѓето масовно бегаат од градот
