Курдската ХДП побара поништување на референдумот во Турција

Курдската Демократска партија на народите (ХДП) денеска поднесе жалба до Високата изборна комисија на Турција со барање за поништување резултатите од референдумот за проширување на овластувањата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, поради бројни нерегуларности.
Заменик-претседателот на ХДП, Митхат Санџар истакна дека кампањата пред референдумот била спроведена во вонредна состојба, лидерите на партијата биле во затвор, а на нејзините членови не им било дозволено да го набљудуваат гласањето, како и дека за време на кампањата биле користени државни ресурси.
Тој додаде и дека на некои гласачи им било оневозможено сами да гласаат.
- Референдумот засекогаш ќе останме спорен. Не можете да го промените политичкиот систем врз основа на таков спорен и нефер референдум, посочи Санџар.
Најголемата турска опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) вчера исто така побара од Високата изборна комисија да се анулираат резултатите од референдумот.
Заменик-претседателот на ЦХП, Булент Тезџан изјави дека бројот на исчезнати гласови на референдумот бил „без преседан“ и оти е непознато колку гласачкии ливчиња биле без печат.
Адвокатската комора на Турција (ТББ) вчера наведе дека Одлуката на Високата изборна комисија да се користат ливчиња без печат е донесена во последен момент и е јасно противзаконска и може да има влијание на резултатите на референдумот. - Со одлуката официјалните претставници на изборните места се доведени во заблуда дека е во ред гласачките ливчиња да се без печат, оцени Комората.
Ново на Сител
-

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
-

Уценувала газда со фотографии од нехигиенска кујна да му плати 5.000 евра или да ја врати на работа
-

Телото го измил и го подготвил за погреб, синот кој си го уби таткото во Гостивар прикривал траги
-

Детска песна за „Голема Албанија“ емитувана на МРТ2, програмскиот совет ќе утврдува одговорност
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, во текот на денов врнежи од дожд, наместа пообилни
-

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026
-

Лишени од слобода две лица поради бегство од затвор
-

Иран е претпазлив во врска со разговорите со САД за завршување на војната
