Курир: Колку навистина вреди имотот на Заеви во Грција
Семејството Заеви секое лето уживаат во ексклузивна куќа на три ката на море во Грција. Прашањето кое неодамна се наметна во јавноста беше како Заеви купиле луксузна куќа на грчките плажи по багателна цена? Според документите за хациендата од 300 квадрати платиле 110.000 евра, а според тамошните агенции за недвижности ваков имот вреди неколку пати повеќе.
Во март годинава, медиумите објавија документи кои покажуваат дека првите братучеди на Зоран Заев, Трајче и Бобан Заеви на крајот од 2012 година купиле луксузна куќа на Халкидики во Неа Мудања. Ексклузивната хациенда е со голем двор од околу 300 метри квадратни, а за неа според документите платиле 110.000 евра.
Во периодот на летни одмори, Зоран Заев, како и членови на неговото блиско семејство се чести посетители во оваа хациенда. Во јавноста остана дилемата како Заеви стигнале до хациендата распослана на само 10 метри од Егејското море, на прва линија до брегот која вреди до половина милион евра реална цена.
Лидерот на СДСМ молчеше дали хациендата во Грција е платена во кеш и доколку е така, како неговите братучеди успеале да изнесат над 100.000 евра готови пари од граница, ако се знае дека законите дозволуват, најмногу 10.000 евра по човек.
Јавноста остана без одговор како семејството Заеви успеа да купи куќа по цена три пати пониска од реалната и зошто некој би продал куќа која вреди и до половина милион евра за само 110.000 евра и дали куќата е некаков подарок?
Ново на Сител
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника