Курти: Демократијата не може да биде суспендирана или заложник
Косовскиот премиер Албин Курти вчера изјави дека „демократијата не може да биде суспендирана или заложник“.
Во видео-обраќање на Фејсбук, Курти рече дека Приштина ја зајакнала комуникацијата со меѓународната заедница и дека смирувањето на ситуацијата е заедничка цел.
Според него, албанските градоначалници на општините на северот на Косово и покрај слабата излезност на изборите поради бојкотот на Србите „се уште се единствените кои имаат легитимитет да бидат во општинските згради и во служба на граѓаните“ и имаат целосна поддршка од властите во Приштина.
Курти обвини екстремно десничарски групи, кои ги поврзува со Милан Радоичиќ и Звонко Веселиновиќ, но и со претседателот на Србија Александар Вучиќ, првиот човек на БИА Александар Вулин и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ.
Тој оцени дека протестот на кој беа нападнати полицијата и КФОР „не е протест за општината, туку за власта“ и додаде дека на Косово власт може да се добие само преку избори, а не со насилство и криминал.
Ново на Сител
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
