Курти: Косово е под закана на оние кои се богатат со војна и оружје

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека неговата земја и натаму е загрозена од оние кои сакаат да се збогатат со војна и оружје, посочувајќи ги, како што рече, криминалните организации кои дејствуваат во областите на косовскиот север, населен со мнозинско српско население.
Во денешното интервју за италијанската агенција „АГИ“, кое го пренесоа медиумите во Приштина, Курти рече дека оние кои се збогатиле со последната војна во Косово, во 1998-99 година, се претвориле во криминалци.
-Сè уште има проблеми на границата со Србија. За жал, оние кои се збогатија од војната се претворија во криминалци и продолжуваат да се збогатуваат со биткоини, дрога и оружје.
Својот бизнис го покриваат со националистички идеи, но сепак се криминалци, изјави Курти, кој денеска отпатува на конгресот на Европскиот социјалистички парламент во Италија.
Шефот на косовската Влада ја обвини најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, која на почетокот на неговото владеење, пред три години, беше дел од владината коалиција, дека има „силни врски“ со претседателите на Србија и Русија, Александар Вучиќ и Владимир Путин.
-Зборуваат за национализам и патриотизам, но во реалноста имаат фашистички идеи и врски со Вучиќ и Путин, вели Курти. Тој изјави дека Приштина прави сè за да се доближи до Европската унија.
Косово ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ на 15 декември 2022 година, откако беше официјално признаена од Европската комисија како земја „потенцијален кандидат“.
-Се уште не сме официјално кандидати за членство, но правиме се што е можно за што поскоро да се приближиме до ЕУ, рече Курти.
Ново на Сител
-

34 години од усвојувањето на македонското знаме и химната на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Лебот и пецивата под притисок за поскапување
-

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски
-

Дизелот од полноќ поевтин за 8 денари, бензините за 4 денари по литар
-

Македонија втора недела под топлотен бран - не се исполнети условите за црвена фаза
-

Пожарен аларм низ Европа: Македонија под висок ризик, огнот беснее во регионот
-

СДСМ поднесе кривични против здравствените власти - ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со години молчеле за неисправната вода
