Курти: Нема враќање на работа со политички повик, Србите да аплицираат на конкурси
Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека Србите кои на почетокот на месецов поднесоа оставки од државните и локалните институции, а кои сакаат да се вратат на нивните работни места, треба тоа да го сторат со аплицирање на конкурси за вработување, јави дописникот на МИА од Приштина.
Одговарајќи на барањето на лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај за започнување дијалог за враќање на Србите на работа, Курти денеска во Собранието изјави дека нивното повлекување од институциите е направено на политички начин и затоа враќањето не може да се изврши со политички повик, туку по професионален пат.
– Нивните оставки беа политички. Секое писмо на оставка го имаше истиот текст. Сите поднесоа оставки од морални причини. Таму каде што има вакуум треба да има нови аплицирања. Секој што сака едно работно место треба да аплицира на професионален начин, порача Курти.
Косовските Срби ги напуштија институциите поради најавата на официјална Приштина дека ќе ги казнува тие што нема да ги заменат регистарските таблички издадени од Србија со косовски таблички. На барање на меѓународниот фактор, пред сè на американскиот амбасадор во земјата, Џефри Ховениер, Владата на Курти минатата недела се откажа од изрекувањето парични казни, со тоа што Белград се заложи дека нема веќе да ги опремува возилата во северно Косово со таблички со српски акроними на косовските градови.
Во Собранието на Косово денеска се расправа за интерпелацијата поднесена од опозицијата за Курти и за неговото справување со ситуацијата во земјата предизвикана од кризата со табличките.
Ново на Сител
-

Регистрирани осум пожари на отворено - пет се изгаснати, два се активни, а еден е под контрола
-

Следната учебна година ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку
-

Вработен во кафуле со остар предмет повредил тетовчанец
-

Над 100 смртни случаи и 150.000 пријави за несакани реакции од лекови за слабеење во Британија
-

32 годишник искршил покуќнина и ги нападнал родителите со нож откако не му дале пари
-

Мицкоски: Не размислуваме за зголемување на цената на електричната енергија
-

Пукал со пиштол на семејна веселба, куршумите оштетиле покрив на куќа - Приведен маж од Боговиње
-

Секоја година, во италијански град, политичарот кој донел најглупава одлука се става во кафез и се потопува во ладна река
