Курти: Немаме проблеми со Србите, туку со Србија

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово нема проблем со локалните Срби во северните општини, туку со Белград, „кој не се огради ниту од Милошевиќ во тоа време, ниту од Путин денес“.
На Самитот Западен Балкан 2024, што се одржува во Приштина по повод 25-годишнината од крајот на војната во Косово, Курти рече дека „Косово им понуди права на локалните Срби, овозможувајќи нивна целосна интеграција“.
„Десет од 38 општини имаат српско мнозинство, 17 проценти од советниците во локалните парламенти во сите општини се Срби. Ние добро соработуваме и тие имаат Министерство за заедници. Сакаме интеграција на Србите во Косово. Имаме четири проценти српско население овде, но имаме и други малцинства кои сакаме да ги почитуваме“, рече Курти.
Тој додаде дека Косово нема проблем со Србите во Србија, туку со Владата на Србија.
„Проблемот не е во народот на северниот сосед, туку во Владата на Србија. Воопшто не е во косовските Срби кои се интегрираат“, рече Курти.
Ново на Сител
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
-

Македонија доби подобар извештај од лани, но има уште многу задачи
