Курти: Србија ги претпочита туѓите територии, но без други народи во нив
Косовскиот премиер, Албин Курти изјави дека целта на Косово е да се зајакне и да стане дел на НАТО, со цел да придонесе за промоцијата на демократските вредности и мирот во светот, јави дописникот на МИА од Приштина.
Курти на Роз-Рот семинарот на Парламентарното собрание на НАТО, кој се одржува во косовската престолнина, рече дека Западен Балкан, како регион со многу нерешени проблеми, е исто така чувствителен и од аспект на политичката стабилност. Според косовскиот премиер, за Србија е добродојдено руското влијание, кое го користи за да продолжи да се заканува на безбедноста и мирот во овој дел на Европа.
Запрашан од учесниците на семинарот дали смета дека Србија сака да го наметне на другите својот начин на живеење, Курти рече дека се работи за спротивното и дека „Србија ги претпочита туѓите територии, но без други народи во нив“.
– Не се работи за начин на живот, за културни или верски прашања, туку за типично експанзионистички идеи на доминација во овој европски регион. Секако при тоа се смета на помошта од Русија, рече Курти, спомнувајќи ги бројните заеднички српско-руски воени вежби, како и воените бази на Србија долж целата граница со Косово.
На 102-риот Роз-Рот семинар на ПС на НАТО кој започна вчера и ќе трае до утре, 10 октомври, учествуваат над 100 пратеници од земјите членки и од земјите партнери на алијансата.
Тема на овој семинар е „Евроатлантската интеграција на Западен Балкан: продолжени предизвици, нови реалности и идни перспективи“.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст