-->
-->
Курти: Таксите ќе се укинат кога ќе се воспостави реципроцитет
-->

Премиерот на Косово Албин Курти денеска изјави дека одлуката за воведување такси од 100 отсто на српската стока ќе биде заменета со мерка на реципроцитет, но исто така очекува и Србија да ја запре кампањата за повлекување признавања на независноста на државата.
Како што пренесува Косово онлајн, Курти на Фејсбук напиша: Таксата од сто отсто за српските стоки ќе биде заменета со принципот на реципроцитет. Стоотстотниот надомест ќе се отфрли кога ќе се воспостави реципроцитет. Набрзо почнуваме со подготовка на косовските царини.
„Како премиер на Косово, изразив подготвеност да се укине тарифата од100 отсто. Очекувам Србија да изрази подготвеност да ја запре кампањата за повлекување на признавањето на независноста на Косово“, напиша Курти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошта во Скопје
-

Кошта доаѓа во Скопје
-

Средба Сиљановска-Пелегрини
-

Муртезани: Тврдам дека и во следниот извештај Македонија ќе биде прва земја од ЗБ по однос на спроведени реформи
-

Пендаровски потврди дека имало различни идеи за уставни измени со помош на меѓународната заедница
-

Владината реконструкција до крајот на јуни
-

СДСМ бара избори во Карпош
-

Трет обид за избор, Ислами и Џафери предложени за местото во Судски совет
