Курти: Терористичкиот напад е дел од поширок план за анексија на северот на Косово
Косовскиот премиер Албин Курти денеска соопшти дека косовската полиција потврдила дека „терористичкиот напад“ во Бањска, општина Звечан, бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово, јавува Анадолија.
„Врз основа на одземените документи, косовската полиција потврди дека терористичкиот напад бил дел од поширок план за анексија на северот на Косово преку координиран напад на 37 различни позиции.
Би следело формирање коридор кон Србија, за да се овозможи снабдување со оружје и војници“ напиша Курти на X (Твитер).
Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечља денеска на прес-конференција изјави дека целта на „терористичкиот напад на Србија“ во Бањска е анексија на северот на Косово, пренесоа косовските медиуми.
Според него, подготовките за нападот биле направени во Србија и дека тоа може да се види од беспилотните летала запленети од групата.
Во нападот на група Срби на 24 септември, предводена од потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, беше убиен косовски полицаец, а потоа косовската полиција во, како што рече, „антитерористичка операција“ ликвидираше четворица напаѓачи и уапси уште шестмина.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ молчи за Груби
-
Левица: Трошоците за живот двојно зголемени - власта без решение за инфлацијата
-
ДУИ: Голема измама на „Вреди“ за Отворен Балкан
-
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин
-
ЕК ги отфрли обвинувањата на Марк Цукерберг за цензура на социјалните мрежи
-
Со „опел“ удрил во столб на патарина Сопот, двајца повредени
-
Завеани македонските села во Голо Брдо – Наставата прекината
-
И покрај снегот некои градови се уште се загадени