-->
-->
Курти: Вучиќ би сакал да се врати во минатото, но тоа е невозможно
-->
Косовскиот премиер Албин Курти денеска оцени дека ситуацијата на северот на Косово е тензична поради дејствијата на Белград.
Зборувајќи за барањето на Србија за враќање на до 1.000 српски војници и полицајци во Косово, Курти за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ има за цел да се врати во минатото, но дека тоа не е можно.
Според него, Меѓународниот суд на правдата пресудил во корист на прогласувањето на независноста на Косово.
– Нема повисок суд на оваа планета, рече Курти.
Тој додаде дека владата што ја предводи е „загрижена за ситуацијата на северот, но внимава на моменталната ситуација“.
– Европската Унија и САД вршат голем притисок врз Србија да избере меѓу демократскиот Запад и Русија, рече Курти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава