Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран ги нападнал со ракети и беспилотни летала

Кувајт и Бахреин соопштија дека Иран синоќа ги нападнал со ракети и беспилотни летала, откако САД извршија напад врз Исламската Република.
Кувајт и Манама ги осудија иранските напади, иако не беше веднаш јасно дали е предизвикана некаква штета.
Претходно, Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека нападнала „инфраструктура за надзор, комуникациски системи, цели за воздушна одбрана, складирање беспилотни летала и можности за поставување мини“ на иранската војска по вчерашниот напад врз брод на море.
Танкерот со панамско знаме, превезувал сурова нафта за државната енергетска компанија на Катар, која е клучен посредник меѓу Иран и САД.
Новото гранатирање во Персискиот Залив дополнително го загрозува прелиминарниот договор склучен меѓу Техеран и Вашингтон како прв чекор кон трајно решавање на конфликтот.
МИА
Ново на Сител
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
