Кузеска: Економските мерки даваат резултати

Досегашната реализација на пакетите економски мерки со цел полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот, ги дадоа очекуваните резултати.
Четирите пакети економски мерки коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од коронакризата и обезбедија услови за брзо опоравување на економијата.
Позитивни сигнали покажуваат дека економијата заздравува, а потврда за тоа се позитивните тековни економски движења како високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и раст на просечната плата.
Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите.
Вториот пакет економски мерки е имплементиран стопроцентно, а севкупна реализација од на четирите пакет мерки изнесува 82% или 860 милиони евра.
Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат.
Во 2020 поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.
Оваа поддршка како и финансиската помош за исплата на плати придонесоа да се спасат стотици илјади работни места, но и да продолжи растот на платите.
Во 2020 година во време на криза просечната плата се зголемила за 7,8 отсто и тој тренд продолжува и во оваа година. Просечната плата во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020.
Економските мерки даваат резултати. Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерки и политики кои градат силна, развојна и конкурентна економија која носи шанса за сите.
Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Ново на Сител
-

УХМР: Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и услови за невреме
-

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со ЕУ
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел
-

Федерер верува дека Ѓоковиќ има шанса да го освои УС опен 2026
-

Активни три пожари на отворен простор, 25 изгаснати во текот на изминатото деноноќие
-

Само еден товарен брод вчера поминал низ Ормуската Теснина
-

Пакистан и Иран постигнаа „значителен напредок“ во разговорите за ставање крај на конфликтот
