Кузмановска: Тевдовски, Заев и Анѓушев ја урнисуваат економијата
Владата на црната тројка Тевдовски, Заев и Анѓушев продолжува да ја урнисува македонската економија. Вчера беше најавено ново задолжување кое според проспектите за аукција треба да биде во висина од околу 61 милион евра!
Со оваа аукција која треба да се случи како по правило во вторник вкупниот износ на средства кои расипничката и неодговорна власт на СДС ги има потрошено во рок од три месеци ќе изнесува вкупно 410 милиони евра! Во нив влегуваат и 170 милиони евра потрошени девизни резерви на Република Македонија.
Замислете потрошија за три месеци 410 милиони евра, а не направија буквално ништо. Граѓаните со свои очи гледаат како Македонија безмилосно ја задолжуваат, како ги трошат народните пари, а од тоа нема никакво фајде. Сите капитални инвестиции кои се градеа се стопирани, нема реконструкција или изградба на училишта, градинки, патишта, земјоделците немаат перспектива, тоне здравството, образованието, инвеститорите си заминуваат од Македонија, паѓа индустриското производство, растат цените, со еден збор се случува катаклизма во целата државата.
Граѓаните со право се прашуваат каде одат парите. Каде отиде ветувањето на Заев пред изборите дека нема да има нови задолжувања? Каде отидоа ветувањата на Заев за повисоки плати, 500 километри автопат, достоинствени земјоделци, подобри здравствени услуги и слични лаги кои ги кажуваше пред избори.
Единствено што се гледа, а на кое СДС и Заев не штедат пари е вработување на шарени револуционери, твитер ликови, анонимни поети, комедијанти, изготвување на акциски планови за населување на мигранти, купување на опрема, ф'стаци, октоподи, цвеќиња. Ова е вистината за планот за живот на СДС.
Граѓаните ќе ја казнат оваа неодговорност на министерот за задолжување Тевдовски, Заев и Анѓушев. Тие ќе бидат казнети за тоа што економски ја клекнаа државата за три месеци. Казната ќе ги стаса на локалните избори и тоа ќе биде увертира во предвремени парламентарни избори на кои граѓаните ќе застанат на патот на оваа расипничка и ненародна власт.
Ново на Сител
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина
-
Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
-
Приведено лице од Гостивар за издржување затворска казна
-
Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда
-
Во 2024 година најмногу пријави до АХВ за труење со храна и за производи со поминат рок