Кузмановски: Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи
Филип Кузмановски, средниот бек на македонската репрезентација по вечерашниот пораз од Црна Гора на Европското Првенство во ракомет, посочи дека му е срам да излезе на терен на последниот дуел во понеделник после настапот вечерва.
„Срам ми е да излезам на терен против Данска пред овие наши навивачи. Тие заслужуваат многу повеќе во однос на тоа што го покажавме. Навистина немам коментар, не знам што да кажам“, вели Кузмановски.
Според него, вината е исклучиво кај ракометарите, а Црна Гора денеска им покажала како треба да се борат.
„И вчера реков дека самите сме криви и дека треба да ги поправиме тие технички грешки, а денеска направивме уште повеќе грешки. Не знам кај е проблемот. Сите зборуваат за некоја нова Макеоднија, да смениме нешто, да не бидеме само пензионерска, да трчаме... Ама ние трчаме како без глава. Црна Гора ни покажа како се бори, ние не се боревме и заслужено нѐ победија“, додаде Кузмановски.
Ново на Сител
-

СДСМ: Савевски работи по налог на Мицкоски
-

Николоски: Нови инвестиции во Охрид
-

Нова апаратура во „Мајчин дом“
-

О. Карбинци со четирикратно зголемување на средствата од данок на имот
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за високо образование пред владина процедура - дел од фелата оценува дека суштински измени нема
-

Тема на денот со Петар Арсовски, аналитичар
-

Сиљановска Давкова – Милатовиќ пред студентите: Потребен е јасен сигнал од Брисел за проширувањето
