Македонија
21. February 2024 - 16:51

КЗБ: Состојбата со Пертусис под контрола, но уште не е стабилна - Вакцини и за возрасни

Техничка грешка бил мејот со решение потпишано од Илир Демири дека Петличковски повеќе не е претседател на Комисијата за заразни болести. За да докажат дека се останува како што беше, по денешниот состанок на советодавното тело на министерот одржаа заедничка прес конференција. Ја разгледувале состојбата со големата кашлица за која велат дека е под контрола, но уште не е стабилна. Деновиве треба да стигнат и вакцини за возрасни и трудници.

-Возрасните луѓе во нормални услови не треба и не мора да примаат засилувачки дози. Возрасните кои живеат, каде има мали деца под една година треба да бидат заштитени со дополнителна доза за да не ја пренеат на нив, вели проф. д-р Александар Петличковски, претседател на Комисија за заразни болести.

Препорака за вакцинирање на возрасни против голема кашлица важи само во услови на епидемија велат од Комисијата и појаснуваат дека пертусис кај 30 или 40 годишен човек не предизвикува тешка клиничка слика, но се опасни за ширење на заразата.

Досега има 56 случаи на голема кашлица во земјата од кои 46 се во Скопје. Вакцинирани има над 13 000 деца што за епидемиолозите е солидна бројка, но уште има голем број дец ашто не се заштитени. А не е само пертусис опасност за земјата.

-Во соседството, Во Романија имаше голем број случаи на морбили, во Албанија гледате состојбата со морбил иескалираше..и тоа уште еднаш е причина за родителите да бидат свесни дека треба да ги носат децата на вакцинација, тоа е основен начин на заштита, вели д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.

Од досега регистрираните случаи, 14 се бебиња под една година.