Лабуристички пратеник предлага Корбин до изборите да биде заменет со нов лидер

Пратеникот на британската Лабуристичка партија, Џон Вудкок предлага итна смена на лидерот Џереми Корбин, со цел на предвремените парламентарни избори на 8 јуни оваа опозициска партија да ја предводи друг политичар.
Вудкок бара од Корбин да се повлече од сегашната функција, за да се спречи, како што вели, изборната катастрофа на лабуристите.
- Се уште има време за оставка на Корбин и за поставувањето нов човек, оцени пратеникот Вудкок во пораката до својата изборна единица.
Тој вели дека нема да му даде поддршка и никогаш нема да гласа Корбин да биде британски премиер.
- Не можам да си замислам да го подржам да ја преземе улогата за која сум сигурен дека и тој самиот знае оти не е подготвен да ја извршува, вели во пораката до своите гласачи лабуристичкиот пратеник Џон Вудкок за лидерот на неговата партија Џереми Корбин.
Ваквото гледање на пратеник за лидерот на неговата партија, на педесетина денови пред изборите, ја покажува длабоката криза и големата поделеност што постои во главната опозициска партија во Велика Британија.
Сегашните прогнози на агенциите за испитуваље на јавното мислење, најавуваат тежок пораз на лабуристите на 8 јуни, најмногу поради нискиот личен рејтинг на Корбин во домашната политичка јавност и неговото „тврдо левичарење“, што ја направи партијата неприфатлива за просечните британски гласачи.
Лондонските аналитичари потсетуваат на една слична ситуација од 1983 година, кога една друга жена-политичар, Маргарет Тачер, се соочи на тогашните избори со еден друг непопуларен лабуристички лидер Мајкл Фут.
Лабуристите тогаш доживеаја изборен дебакл, по што Фут поднесе оставка, а претпоставка е дека сега ќе се случи истата ситуација, со таа рзлика што овојпат, поразот може да биде уште потежок.
Конзервативците сега, според анкетите, имаат предност од 21 отсто пред лабуристите, што значи дека би можеле да ја зголемат предноста во Долниот дом на Парламентот до 140 пратеници.
Се верува дека токму тоа бил и поводот на Тереза Меј наеднаш да се премисли и да се определи сега да организира предвремени избори.
Малку е веројатно дека Корбин ќе го прифати барањето на пратеникот Вудкок. Тој веќе ја започна предизборната кампања во јужното лондонско предградие Кројдон, од каде им порача на Меј и на нејзините ториевци дека лабуристите нема да дозволат да се искористи Брегзит за да се претвори Велика Британија во оф-шор земја и „оаза“ за даночни измами.
Ново на Сител
-

Трамп во Даблин: Би сакал да видам обединета Ирска
-

Србија/Избори: Партиите се изјаснуваат дали ќе учествуваат на изборите или ќе ја поддржат Студентската листа
-

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата
-

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од владите на Заев и Ковачевски
-

„Теса енерџи“ ја пушти во употреба новата когенеративна постројка на Топлана Скопје Север, инвестиција од 2,5 милиони евра
-

ЦИА декласифицираше белешки за Ал Каеда
-

Кривична пријава против 27 лица за незаконско внесување категории во возачки дозволи
-

Тешка сообраќајна несреќа кај Миладиновци, наредби за обдукција на две починати лица
