Лабуристите победија на изборите во Велика Британија - Кир Стармер ќе биде новиот премиер
Промените во Велика Британија почнуваат сега, изјави лидерот на лабуристите, Кир Стармер, откако неговата партија победи на вчерашните избори со кои се стави крај на 14-годишното владеење на конзервативците.
Во својот говор по победата на неговата Лабуристичка партија, идниот премиер Стармер истакна дека овој мандат носи голема одговорност, но дека со победата на неговите лабуристи „конечно е тргнат товарот од плеќите“ на Британците.
-Во политиката ништо не е однапред одредено. Победите на изборите не паѓаат од небо – тешко се добиваат и за нив се води тешка борба, рече тој, пренесе Скај њуз.
Стармер додаде дека „нема да биде лесно“ и го повика британскиот народ да се сеќава на изборната победа кога ќе стане тешко.
Излезните анкети покажуваат дека лабуристите на Стармер освоија 410 од 650 места во Долниот дом на британскиот Парламент на вчерашните општи избори во земјата, со што заврши 14-годишното владеење на конзервативците.
Според анкетите, Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак ќе освои само 131 место, пренесуваат британските медиуми.
Британскиот премиер и лидер на конзервативците Риши Сунак го призна поразот и му ја честиташе победата на лидерот на лабуристите Кир Стармер.
– Лабуристичката партија победи на овие општи избори и му се јавив на Кир Стармер за да му честитам на победата, рече тој. Сунак нагласи дека власта ќе се смени „уредно и мирно“ и ја презеде одговорноста за поразот на изборите, пренесува Скај Њуз.
– Британскиот народ донесе отрезнувачка пресуда и јас ја преземам одговорноста за поразот. За многуте добри, вредни конзервативни кандидати кои изгубија вечерва … Жал ми е, додаде британскиот премиер во заминување.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова помилуваше пет лица
-
Тошковски: Исплатена бонус плата за 2023 година, право кое го оствариле 5.635 вработени во МВР
-
Средба на Сиљановска Давкова со Вучиќ на Илинден во Св.Прохор Пчињски
-
Муртези: Прашањето за формирање на албанска академија е чувствително, но „Вреди“ нема да ги прилагодува програмските заложби заради личен комфор во Владата
-
За празникот сончево и многу топло, до 40 степени, попладне краткотрајно невреме
-
АХВ: Потенцијално небезбедните коцки за супа не се пуштени во промет, спроведен е вонреден инспекциски надзор
-
Јавното обвинителство на увид во Институтот за јавно здравје, се испитува дали има обележја на кривично дело
-
Управните служби и утре ќе ги издаваат готовите лични документи на граѓаните