Лагард: Европа реагира предоцна во кризите

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, денеска повика на поодлучна акција во Европа за одговор на глобалните кризи и зачувување на конкурентноста на ЕУ.
- Можеме да го видиме проблемот рано, но можеме да дејствуваме дури откако ќе стане невозможно да се игнорира, изјави Лагард на Европскиот банкарски конгрес во Франкфурт. „А дотогаш, речиси по дефиниција, веќе е предоцна“, нагласи таа.
Индустриските сектори што се преселиле во странство тешко се враќаат назад, „а штом една зависност ќе биде искористена против нас, нашиот суверенитет е веќе изложен на ризик“, додаде Лагард.
Според претседателката на ЕЦБ, која предвреме ќе се повлече од функцијата во февруари, токму тоа лежи во сржта на креирањето европски политики.
На пример, повеќе од 10 години постои консензус дека на Европа ѝ се потребни длабоки, интегрирани пазари на капитал – „унија на пазари на капитал“, рече Лагард, осврнувајќи се на трката со силните американски финансиски пазари.
- Секоја година без неа, сè повеќе од нашите заштеди се инвестираат во странство и сè повеќе од нашите растечки компании бараат финансирање на друго место. Сепак, загубата во ниту една поединечна година не е доволно голема за да го надмине отпорот кон промените, изјави Лагард.
Друг проблем е технолошката зависност. Се проценува дека се потребни инвестиции од околу 1,3 билиони евра (1,42 билиони долари) за да се зголеми уделот на Европа во глобалниот компјутерски капацитет за вештачка интелигенција (ВИ) од околу 5 на 15 проценти до 2030 година.
- Но, сè додека можеме да купуваме компјутерска моќ од странски добавувачи и најсовремените модели на вештачка интелигенција ни остануваат достапни, тешко е да се оправда плаќањето на таа цена, порача таа на конгресот.
МИА
Ново на Сител
-

Влада: Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања
-

Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата
-

УЕФА ја казни англиската репрезентација поради расизам
-

Просечната нето-плата во септември 49.141 денар
-

Лагард: Европа реагира предоцна во кризите
-

По масовниот прилив на мигранти во Сеута за 650 отсто зголемени пријавите за сексуални напади
-

Кривична за тројца полициски службеници кои малтретирале малолетник во Охрид по обид за бегство со мопед
-

Синдикатите повикаа на генерален штрајк во Италија – Планирани се 100 демонстрации
