Лајбах доби овации во Северна Кореја
Словенечкиот авангарден бенд Лајбах доби овации на вчерашниот прв, од планираните два, концерти во Северна Кореја.
Тоа беше првиот во историјата на Северна Кореја концерт на некој бенд од Западот.
Групата и досега често се наоѓаше на мета на критиката поради двосмислената употреба на политичките и националистичките симболи, но нивните обожаватели наведуваат дека војничката униформа која ја носат челновите на бендот, претставува критика на тоталитаристичката идеологија. Цензорите од Северна Кореја сепак имаат неколку забелешки, па од сет листата мораше да се исфрлат Koran, Eat Liver, The Final Countdown и Mount Paekt. Побарани се измени во кореографијата и забранет е настапот на севернокорејскиот женски хор.
Независно од тоа, бендот доби овации од 1.500 луѓе во салата. Севернокорејското раководство не беше меѓу присутните.
Вториот концерт е вечерва.
Ново на Сител
-
Контејнери како депонии во Скопски Центар
-
Група професори по филозофија се спротиставија на новата концепција за гимназниско образование
-
Јавните претпријатија купуваат струја во последен момент, затоа е најскапа!
-
Преглед на вестите од светот
-
Надлежните најавуваат надминување на состојбата на Онкологија
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Прес конференција на претседателот на СДСМ
-
Проблеми со откупот на оризот