Лајчак и Ескобар побараа од косовските Срби да учествуваат на локалните избори во северно Косово
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак и заменикот помошник државен секретар на САД и специјален пратеник на претседателот Џо Бајден за Балканот, Габриел Ескобар, побараа од најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), да учествува на најавените вонредни избори во четирите општини во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
По средбата со претставниците на СЛ на крајот од посетата на Косово, Лајчак пред новинарите изјави дека во решавањето на кризата настаната по изборот на градоначалници Албанци на изборите во општините со мнозинско српско население, кои тамошните Срби ги бојкотираа, мораат да биде вклучено и локалното население.
-Ниедно политичко решение за намалување на тензиите на косовскиот север не може да се постигне без засегнатото население. Со претставниците на СЛ и на граѓанското општество ние ја нагласивме потребата косовските Срби да учествуваат на новите избори, изјави Лајчак.
Европскиот и американскиот дипломат допатуваа вчера во Приштина, каде што синоќа се сретнаа со премиерот Албин Курти, од кого побараа итни мерки за средување на состојбата во северно Косово, меѓу кои повлекување на специјалните полициски единици и организирање вонредни локални избори во засегнатиот регион.
Денеска Лајчак и Ескобар имаа средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, како и со лидерите на најголемите опозициски партии на Албанците, а по средбата со претставниците на косовските Срби отпатуваа за Белград, каде што беа пречекани од српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста