Лајчак и советниците на Шолц и Макрон во посета на Приштина и Белград
Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, придружуван од советниците на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, ќе престојуваат денеска во Косово, од каде што подоцна ќе заминат за Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лајчак и советниците на Шолц и Макрон, Јенс Плотнер и Емануел Боне, во Приштина ќе се сретнат со косовскиот премиер Албин Курти, по што ќе отпатуваат за Белград, на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Портпаролот на Европската унија, Петар Стано на почетокот на неделава изјави дека цел на посетата е „да се испитаат можностите за унапредување на дијалогот“ меѓу Косово и Србија.
Германскиот канцелар Шолц и францускиот претседател Макрон минатата сабота објавија дека ангажирале специјални советници со цел да го поддржат дијалогот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.
Ново на Сител
-
Дал 5 евра за автобусот да ја мине границата, уапсен 28-годишен Косовец на Блаце
-
Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јануари-јуни 2024 и исплата за градинарско производство
-
Забрана за движење товарни моторни возила на патот Дебар - Маврово и Тетово – Попова Шапка
-
Студено и ветровито време со локални врнежи од снег
-
ДУИ: Рeвизија на приватизацијата
-
СДСМ: Измамата со кошничката се гледа во маркерите - повисоки цени наместо пониски
-
Тешко повредена жена откако во неа удрил „цитроен“ - возачот го напуштил местото
-
Најпознатиот божиќен хит на Мараја Кери е издаден пред точно три десетлетија