Лајчак и советниците на Шолц и Макрон во посета на Приштина и Белград
Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, придружуван од советниците на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, ќе престојуваат денеска во Косово, од каде што подоцна ќе заминат за Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лајчак и советниците на Шолц и Макрон, Јенс Плотнер и Емануел Боне, во Приштина ќе се сретнат со косовскиот премиер Албин Курти, по што ќе отпатуваат за Белград, на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Портпаролот на Европската унија, Петар Стано на почетокот на неделава изјави дека цел на посетата е „да се испитаат можностите за унапредување на дијалогот“ меѓу Косово и Србија.
Германскиот канцелар Шолц и францускиот претседател Макрон минатата сабота објавија дека ангажирале специјални советници со цел да го поддржат дијалогот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.
Ново на Сител
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија
-
Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме цела македонска полиција
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“