Лајчак и советниците на Шолц и Макрон во посета на Приштина и Белград
Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, придружуван од советниците на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, ќе престојуваат денеска во Косово, од каде што подоцна ќе заминат за Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лајчак и советниците на Шолц и Макрон, Јенс Плотнер и Емануел Боне, во Приштина ќе се сретнат со косовскиот премиер Албин Курти, по што ќе отпатуваат за Белград, на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Портпаролот на Европската унија, Петар Стано на почетокот на неделава изјави дека цел на посетата е „да се испитаат можностите за унапредување на дијалогот“ меѓу Косово и Србија.
Германскиот канцелар Шолц и францускиот претседател Макрон минатата сабота објавија дека ангажирале специјални советници со цел да го поддржат дијалогот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.
Ново на Сител
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје