Лансет: Британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19
Во научното списание „Лансет“ објавена е студија за многу заразна варијанта на коронавирус, создадена во Велика Британија, т.н. британски сој. Иако експертите досега тврдеа дека станува збор за поопасна варијанта на коронавирус, според најновото истражување, британската варијанта не предизвикува потешки форми на Ковид-19, кои задолжително бараат хоспитализација или завршуваат со смрт.
Студијата опфаќа група од 496 ковид пациенти, примени во британските болници во ноември и декември минатата година и нивната состојба беше анализирана во компаративна студија со пациенти заразени со други варијанти на коронавирус.
Резултатите од студијата покажуваат дека кај заразените со вирусот Б.1.1.7. не е потврден поголем ризик од сериозна клиничка слика и смрт отколку кај другите видови.
Британската варијанта на коронавирусот позната како Б.1.1.7. првпат беше откриена кон крајот на минатата година во Велика Британија и наскоро стана најраспространета во САД, потврдија од американскиот Центар за контрола и превенција на болести
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
