Латас: Заев со двојазичноста лично одработува кај странците за да не оди во затвор
Заев ниту има школа, ниту има интелект, ниту има политичко знаење, носи кондури број 39, ниту има бизнис, тој го води брат му, а Заев е само потписник кој тендерите треба да ги донесе кај брат му во фирмата. Одработување на Заев за двојазичност е негово лично одработување кај странците за да не оди во затвор и да му ги остават милионите во Струмица, тој работи за себе, иzјави во емисијата „Јади Бурек“ новинарот и уредник Драган Павловиќ- Латас.
-Сега не е време кога се гласа за малите партии, тоа е статива. Ниту пратеник ќе имаат, ниту Љубчо ќе е пратеник, Павле па ич. Никој од нив нема да има пратеници. Шест ипол, седум илјади гласови никој од нив не може да освои во една изборна единица. Ќе имаат пратеници ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, три до четири албански партии ќе имаат пратеници, ќе видиме дали таа на Села ќе влезе. Никогаш не сме имале ваквата ситуација да се биде или не. Овде партии не играат, овде СДСМ и така ќе ги загуби изборите. Илеревантно е дали СДСМ ќе има 38 или 43 пратеници, што им е максимум. Релевантно е дали Груевски ќе има 63 пратеници. Одработување на Заев за двојазичност е негово лично одработување кај странците за да не оди во затвор и да му ги остават милионите во Струмица, тој работи за себе, рече Латас.
Ново на Сител
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот
-
Шест закони под лупа на антикорупциска
-
Таравари: Ќе има одговорност ако се утврдат пропусти кај третманот на 57 годишниот пациент кој почина на Кардиохирургија
-
Финансиска полиција и ОЈО ја тресат ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп
-
Панел дискусија: Корупцијата во Македонија го попречува патот кон ЕУ
-
Народниот правобранител апелира најитно да се донесе ново законско решение за „балансерот“
-
Трговците ќе мора да ги ажурираат цените на интернет секое утро до 10 часот