Лавата на Ла Палма, на Канарските острови, уништи 185 објекти и 153 хектари земјиште
Вулканска ерупција во Ла Палма, на Канарските Острови, уништи 185 згради, од кои 65 се приватни куќи, како и земјоделско земјиште, што предизвика голема штета на економијата на островот.
Вулканската лава изолирала околу 400 хектари земјиште на кое годишно се произведуваа 20 милиони килограми банани, односно 20 проценти од вкупното производство на банани, пренесува весникот „Ла Вангардија“.
Најпогодени се општините Ел Пасо и Лос Ланос де Аридан.
Според податоците на вулканскиот институт на Канарските острови, ерупцијата на вулканот зафатила 153 хектари земјиште во Ла Палма.
Весникот „Ел паис“ пренесува дека освен материјална штета, постои голема опасност за животната средина, пред се поради отровните гасови, но и од свлечишта, одрони и цунами.
По состанокот меѓу шпанскиот премиер Педро Санчез, регионалниот премиер Ангел Виктор Торес и претседателот на Советот на островот Маријано Ернандез Запата, вчера попладне тие го повикаа локалното население да преземе мерки на претпазливост и да го избегнуваат користењето патишта.
Досега се евакуирани повеќе од 6.000 жители, од кои многумина ги загубија своите домови.
Лавата, исто така, уништи меѓу 300 и 400 фарми, особено оние каде што се одгледуваат банани, а покрај луѓето, евакуирани се и животни.
Ново на Сител
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
-

Постарите лица имаат потреба од нега
-

Четири нови возила за пошта Штип
