-->
-->
Лавеци потпиша за Барселона
-->
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Езекјел Лавеци, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во Барселона, пренесоа шпанските медиуми. Договорот на Аргентинецот со францускиот шампион истекува во јуни наредната година, а според истите извори тој со Барселона договорил тригодишен договор вреден четири милиони евра по сезона.
Како што тврди каталонскиот весник Sport, менаџерот на Лавеци, изминатите неколку денови во Барселона го договарал трансферот на играчот на „Ноу Камп“.
Лавеци во кариерата има настапувано за Сан Лоренцо, Естудијантес и Наполи, во ПСЖ е од 2012 година.
Искусниот 30-годишен напаѓач е стандарден репрезентативец на Аргентина од 2007 година, тој беше член на тимот кој лани го освои второто место на светското првенство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер