Лавров и Кери оптимисти за примената на примирјето во Сирија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери денеска изразија оптимизам за примената на договорот за примирје во Сирија.
Лавров во телефонскиот разговор со Кери истакнал дека е важно да се обезбеди учество на низа опозициски групи во преговорите за Сирија, вклучително и сириските Курди.
Во телефонскиот разговор е констатирано и подобрување на доставувањето на хуманитарна помош до регионите што се под опсада. Лавров истакнал дека хуманитарните конвои се уште немаат пристап до шиитските енклави Фуа и Кафраја.
- Новата рунда сириски мировни преговори ќе почне на 10 март, а учесниците во разговорите треба да пристигнат во Женева следните денови, изјави претходно специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стафан де Мистура.
Првата рунда преговори беше одржана на почетокот од февруари, но беше прекината, а примирјето стапи во сила на 27 февруари.
Но, и покрај примирјето нападите во Сирија продолжуваат. При гранатирање на кварт во Алепо денеска загинаа најмалку 14 луѓе, а десетици се повредени.
Нападот бил извршен од дел на Алепо, што е под контрола на бунтовниците. Гранатиран бил квартот Шеик Махсуд, претежно населен со Курди.
Ново на Сител
-
Членовите на „СпејсИкс“ се вратија на Земјата
-
Вулин: Не треба да влеземе во ЕУ ако цената е признавањето на Косово
-
Град Скопје: Нов зелен појас на кејот на Вардар
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да се погледне во огледало за сите предавства што ги направи на македонскиот народ
-
Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет да преговара со Бугарија
-
Валандовец запалил возило на сограѓанин
-
Вечерва во прекин сообраќајот на патниот правец Куманово – Лопате
-
Краделе од нива, приведени три лица од Кавадарци