Лавров: Истражуваме дали Западот стои зад бунтот на „Вагнер“
Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека руските власти истражуваат дали западните специјални служби биле вмешани во саботниот бунт на платениците на „Вагнер“.
Лавров додаде дека разговарал со американскиот амбасадор во Москва, кој му рекол дека САД не се вклучени во вооружениот бунт на платениците на „Вагнер“.
Како што јави Тасс, Лавров додаде дека САД се надеваат на безбедноста на рускиот нуклеарен арсенал.
Бунтот на „Вагнер“ го почна нејзиниот шеф Евгениј Пригожин, до неодамна многу близок соработник на рускиот претседател.
Лавров, исто така, го цитираше американскиот амбасадор во ставот дека бунтот во саботата на платениците на „Вагнер“ е внатрешна работа на Русија.
Бунтот што почна во ноќта меѓу петокот и саботата во Ростов на Дон го предводеше лично лидерот Пригожин, чии сили главно беа вклучени во уништувањето и окупацијата на украинскиот град Бахмут.
Ново на Сител
-
6 лица повредени во сообраќајка кај Дебарца
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик
-
Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби