Лавров: Москва ги повика ОН што поскоро да ги свикаат меѓусириските преговори во Женева

Москва ги повика ОН да побрзаат со свикување на меѓусириските преговори во Женева, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Обединетите Арапски Емирати, каде зборуваше на почетокот на Руско-арапскиот форум за соработка, пренесе ТАСС.
Преговорите за Сирија во Астана, на 23 и 24 јануари „создадоа дополнителна површина, што не го заменува женевскиот процес, посочи Лавров.
„Се уште сме на мислење дека нашите пријатели во ОН треба да побрзаат и веќе да не го пролонгираат обновувањето на преговорите“, рече тој.
Механизмот, создаден од Русија, Иран и Турција, веќе дава можност да се следи почитувањето на примирјето во Сирија, уверува овој висок претставник на Москва.
-Природно, ниту еден режим за прекин на огнот не се однесува на терористичките групи Исламска држава и „Џебхат ан Нусра“, како тие сега и да се нарекуваат, подвлече Лавров и истакна дека Арапската лига ја споделуваа оваа руска позиција.
Руската федерација ја поддржува антитерористичката борба на ирачките власти и за важна ја смета операцијата на ирачките војници за ослободување на Мосул од ИД, но е неопходно да се донесат мерки за заштита на мирното население, забележа првиот руски дипломат.
- Москва ги повикува арапските земји да се приклучат кон руската иницијатива за сеопфатно трговско-економско ембарго врз териториите што се под контрола на ИД, изјави Сергеј Лавров.
Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин во Москва да се одржат директни преговори меѓу лидерите на Израел и на Палестина за надминување на конфликтот останува во сила, посочи Лавров.
Во кулоарите на форумот во Абу Даби рускиот министер за надворешни работи оствари серија билатерални средби .
Ново на Сител
-

ЈПДП: Ја подобруваме безбедноста и функционалноста на мостот на Маркова Река
-

ЈОРСМ: Поднесено обвинение за злоупотреби во АД „Државна лотарија“, за Груби побарно продолжување на мерката куќен притвор
-

Ангелов: Вчерашниот ден најтежок со 52 пожари на отворен простор, најголем предизвик се Студеничани и Македонски Брод
-

Медицинските податоци на речиси 19 милиони Полјаци украдени во масовен кибер-напад
-

Пронајдена исчезнатата Кристина од Охрид
-

Вучевиќ: Помалку од 100 дена до изборите
-

Повеќе од половина од албанските семејства не можат да си дозволат еднонеделен одмор годишно
-

Со гаранција од 500.000 евра Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор
