Лавров: Русофобијата се уште е присутна во САД
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека русофобијата, покрената за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, ја задржала својата инерција во САД.
Лавров, по состанокот со неговиот фински колега Тимо Соини, наведе дека односите меѓу Москва и Вашингтон во моментот на промени во Белата куќа, биле на најниско ниво бидејќи администрацијата на Обама правела се што е можно со цел да ги поткопа, јави ТАСС.
- Жално е што се уште постои русофобија во САД, што е покрената за време на администрацијата на Обама, нагласи Лавров, додавајќи оти е очигледно дека русофобијата се користи за политичка борба во внатрешноста на САД.
Тој истакна дека не е пронајден ниту еден доказ за вмешаноста на Русија во американските претседателски избори, одржани во ноември минатата година.
- Слушнавме бројни обвинувања што се граничат со хистеријата против Русија. Гледаме дека американскиот Конгрес основа некои меѓусебни структури со цел да ги истражи заканите од Русија, но не сме виделе, ниту пак сме слушнале за ниту еден доказ што би ги потврдил обвинувањата против нас, објасни Лавров.
- Слични обвинувања изнесоа и Велика Британија, Франција, а неодамна и Шведска, посочи рускиот министер за надворешни работи, потенцирајќи дека вербалните напади не се со ништо потврдени.
- Да постојат докази, за нив ќе може да се расправа. Доколку нема докази, кампањата ја согледуваме исклучиво како пропаганда за постигнување на не толку добри цели, заклучи Лавров.
Ново на Сител
-
Најстудено во Берово и Попова Шапка, најмногу дожд во Дебар
-
На автопатот Тетово-Скопје животот го загуби 24 годишен возач од Свети Николе
-
Министерски состанок за Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт
-
Израелската војска соопшти дека извршила „десетици“ нови напади против Хезболах во Либан
-
Парламентарни избори во Австрија
-
Најмалку 100 луѓе го загубија животот во поплавите во Непал, 67 се водат како исчезнати, училиштата се затворени
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер