Лавров: САД и го прават на Русија тоа што се обидоа и Хитлер и Наполеон
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во својот подолг говор на годишната прес-конференција во Москва, неодамнешните акции на САД поврзани со војната во Украина ги спореди со оние на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер и францускиот освојувач Наполеон Бонапарта.
Лавров на средбата со новинарите во Москва кажа дека „Вашингтон ја освои Европа за да води војна против Русија”, додавајќи дека Хитлер и Наполеон „некогаш се обиделе да ја употребат истата тактика против Русија.”
-САД ја користат Украина за да водат војна против нашата земја. Има само една цел: конечно решение на руското прашање, изјави Лавров пред новинарите на прес конференцијата.
Шефот на руската дипломатија кажа и дека Москва сè уште не видела сериозни мировни предлози за мир во Украина, додавајќи дека идеите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за мир се „неприфатливи”. Тој додаде дека „Москва е подготвена да разговара за конфликтот со западните земји и да одговори на секој сериозен предлог, но секоја таква дискусија мора да одговори на пошироките безбедносни предизвици што ги гледа Русија”.
Лавров го повика НАТО да ја „отстрани својата воена инфраструктура” од Украина и другите земји кои граничат со Русија.
-Кога нашите западни партнери со пена на устата велат дека не се во војна со Русија, тие лажат, рече рускиот министер за надворешни работи и додаде: „Обемот на западната поддршка за Украина покажува колку тие инвестирале во војната против Русија”.
Ново на Сител
-
Стармер и Фон дер Лајен: Скапо ја плативме цената за руската енергетска уцена
-
Макрон: Американскиот гнев треба да биде насочен само кон Путин
-
Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“
-
Гробот на папата Франциск ќе биде отворен за јавноста од недела наутро
-
Блумберг: САД ќе бараат Русија да го признае правото на Украина на сопствена армија и одбранбена индустрија
-
Најмалку 12 луѓе загинаа при рускиот напад врз Киев
-
Времето утре променливо облачно со дожд и грмежи
-
Тошковски за трагедијата во Кочани: Досега осомничени 68 физички и три правни лица, не се постапува селективно