Лавров: Стратегијата на САД за Авганистан е лоша и нема да дејствува
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров новата стратегија на САД ја оквалификува како лоша, нарекувајќи ја „бесмислен курс“ што нема да даде резултат.
Лавров, на прес-конфернецијата во Москва, изрази „жалење бидејќи главниот фокус на новата стратегија за Авганистан, што ја претстави Вашингтон, е регулирање на ситуацијата со методи на сила.
- Уверени сме дека тоа е бесмислен курс, изјави Лавров, истовремено негирајќи го тврдењето дека Москва стои зад снабдувањето на оружје за талибанците.
Американскиот претседател Доналд Трамп, претходно неделава најави распоредување на нови 4.000 војници во Авганистан, а државниот секретар на САД Реск Тилерсон сугерираше дека претставниците на Москва ги вооружуваат Талибанците.
Лавров, меѓутоа, ги негираше тие тврдења, наведувајќи дека Москва контактира со Талибанците од две причини: со цел да ја осигури безбедноста на руските државјани во Авганистан и да ги натера Талибанците да одржат преговори со авганистанската Влада.
Ново на Сител
-
Судски формираше комисија која ќе ги испитува претходните постапки за Васил Јованов
-
Обвинителството прибира докази за сообраќајката во која загина Фросина
-
Мицкоски: Владата ќе им врати 50 милиони евра на компаниите за солидарен данок
-
Во Прилеп започна промената на водоводната мрежа во центарот на градот
-
Стартува проектот за изградба на најголемиот ветерен парк на западен балкан
-
Охрид ќе добие катна гаража и нов плоштад
-
Преглед на вестите од светот
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра