Лавров: Укинувањето на санкциите против Русија е дел од преговорите со Украина
– Укинувањето на санкциите наметнати на Русија е дел од мировните преговори меѓу Москва и Киев, кои се тешки, но продолжуваат на дневна основа, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
– Руската и украинската делегација всушност секојдневно разговараат преку видео врска за нацрт за евентуален договор, истакна Лавров.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски од почетокот на инвазијата на 24 февруари инсистира западните санкции кон Русија да бидат посилни и истите да не бидат дел од преговорите.
Последните преговори помеѓу Украина и Русија лице в лице од 29 март, а атмосферата се влоши поради украинските обвинувања дека руските сили извршиле злосторства додека се повлекувале од областите во близина на Киев. Москва ги отфрли обвинувањата.
Ново на Сител
-

Зеленски: Ги сменив Федоров и Сирски за доброто на нацијата
-

„Бе-ем-ве“ повлекува повеќе од 744.000 возила низ светот поради ризик од пожар
-

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд
-

Општина Куманово ги повика граѓаните да пријават штети од невремето
-

Пирло: Секогаш сум дејствувал во целосна согласност со условите на договорите што ги потпишав
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
