-->
-->
Лазаров: Одигравме неизвесен натпревар против европскиот првак
-->
Екипата на Нант вчера го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите загуби во Скопје од европскиот првак Вардар со 23:27. По дуелот играчот на францускиот тим и капитен на македонската репрезентација Кирил Лазаров изјави:
- Прекрасно е да се биде дома. Среќен сум во Македонија. Одигравме неизвесен дуел со европскиот првак. Ова за Нант е прв година во двете најсилни групи од ЛШ. Ова е прв пораз. Во овие натпревари кога се решава во последните 10-15 минути мора да бидеш смирен, тогаш се решава победникот. Вардар имаше повеќе такви ракометари и заслужено победи.
Лазаров во игра првпат влезе во 17 минута (игра и со дрес број - сосема случајно) имаше мала минутажа.
- Нов сум во екипата и треба да се навикнам и на системот на игра. Во прв момент имам проблем и со францускиот јазик, но, како ќе минува времето очекувам и поголема минутажа. со секој случај треба да се оди чекор по чекор. Победивме неколку големи екипи во подготовките, МОнпеље, Веспрем, Берлин, ПСЖ,... Тешко е француското првенство, заврши Лазаров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Милановиќ: Хрватска не може да ја заврши војната во Украина, но може да се оддалечи од неа
-
Лазаров: Против Катар повторно да бидеме на високо ниво
-
Тошковски: Со нова донирана опрема МВР ќе ја подобри истрагата на местото на настанот
-
Најмалку 10 мртви во снежна бура на југоистокот на САД
-
Ограбена црква во Аеродром
-
55 годишник силувал 50 годишна жена во Кривопаланечко
-
Клековски: До крајoт на јануари очекувам да ги има сите лекови на Онкологија
-
Кривична пријава против 6 лица поради сомнение за помагање во врска со измама