Лазаров побара голема поддршка од публиката пред реваншот со Фарски острови
Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров ги повика навивачите „како никогаш досега“ да го поддржат националниот тим в недела на реваншот во мундијалскиот бараж во кој неговите избраници ќе се обидат да ја надоместат негативата од седум голови разлика од вчерашното гостување во Фарски острови.
Македонската репрезентација загуби на првиот натпревар во Торшавн со 27-34 и ќе има тешка задача да ја анулира предноста на противникот в недела на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19 часот.
„Нема да губиме надеж и ќе веруваме до крај. Имаме неколку дена да се консолидираме и да пробаме да ја анулираме негативата од седум голови. Ќе ни треба поддршка од публиката како никогаш до сега. Ќе се бориме и веруваме во позитивен исход во недела“, изјави Лазаров за официјалниот сајт на Ракометната федерација на Македонија.
Анализирајќи го вчерашниот натпревар во Торшавн, селекторот Лазаров оцени дека победата на Фарски острови е сосема заслужена.
„Фарски Острови беше подобар противник на вчерашниот натпревар и заслужено победи. Ни направија многу проблеми и во нашиот напад каде бевме принудени да играме „седум на шест“ доста време, а не сакавме да играме на тој начин. Нивниот напад беше технички скоро перфектен, иако бевме спремни за нивниот систем на напаѓање, сепак истите работи поминуваа“, додаде Лазаров.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени