Лажна тревога причина за евакуацијата на авионот на „Бритиш ервејз“ во Париз
Евакацијата на патниците од авионот на „Бритиш ервејз“ на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ била извршена поради лажна тревога, соопшти француската полиција.
Сите патници и членови на екипажот на авионот, што требаше да полета од „Шарл де Гол“ кон лондонскиот аеродорм „Хитору“, претплднево беа евакуирани, поради, како што соопшти полицијата, безбедносни причини.
По евакуацијата, полицајци во придружба на кучиња трагачи, го пребарале леталото и го провериле багажот, при што не е пронајдена никаква сомнителна направа или супстанца и е утврдено дека не постои безбедносна закана.
Претставник на франциската полиција кусо информира дека станувало збор за „лажна закана“, но не соопшти повеќе детали за целиот случај.
Претходно, еден од патниците во авионот за американски медиум изјави дека пилотот првично на патниицте им соопштил дека летот ќе доцни поради технички проблеми. Набрзо потоа, на патниците им било соопштено дека авионот треба да биде преместен на друг дел од аеродромот, по што леталото било опкружено од полицајци и пожарникари. Тогаш патниците биле информирани дека постои „директна безбедносна закана поврзана со нивниот лет“ и од нив било побарано да го напуштат авионот.
Ново на Сител
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци