Лажни информации за киднапирање деца во Гевгелија
По барање на градоначалникот Сашо Поцков, СВР Струмица издаде соопштение со кое преку надворешната канцеларија за криминалистички работи во Гевгелија го известува населението дека на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност во Гевгелија не се пријавени никакви обиди за киднапирање, ниту за убиства на деца.
Во соопштението, заради смирување на јавноста, децидно се наведува дека станува збор за лажни вести што ги шират неодговорни поединци со цел да внесат страв меѓу граѓаните и се апелира до јавноста да не наседнува на лажни гласини и шпекулации кои претежно се пласираат преку социјалните мрежи.
Истовремено, контактирани се сите училишта и јавни образовни установи за да им се укаже на одговорните лица и вработените дека станува збор за лажни вести.
Од надлежните државни органи градоначалникот Поцков побара против лицата што шират лажни информации преку социјалните мрежи да се преземат санкции согласно законските одредби.
Ново на Сител
-
Приведено лице од тетовско за издржување затворска казна
-
Илјадници без струја и вода во Ирска поради екстремни временски услови
-
Пронајдени мигранти, приведени двајца криумчари
-
Хамас подготвен за ослободување заложници како дел од договор
-
Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“
-
Лепче со паричка на Бадник или на Василица?
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник