„Лажни вести“ прогласен за израз на годината

Компанијата Колинс, која издава речникот на англискиот јазик, го прогласи изразот „лажни вести“ (fake news) за израз на годината.
Според Колинс, употребата на овој израз се зголемила за 365 пати од 2016 година, кога првпат беше употребена во контекст на вестите за Хилари Клинтон, дел од кои беа објавувани од Фејсбук корисници во Македонија.
Американскиот претседател Доналд Трамп бргу го прифати и популаризираше овој израз, обвинувајќи ги медиумите кои го критикуваат, пред се телевизијата Си-Ен-Ен, дека се „фејк њуз“. Оттогаш изразот стана препознатлива кованица на претседателот.
Според речникот Колинс, овој израз со помал интензитет се користел од почетокот на 21 век, со цел да се опишат вести кои се претерано сензационалистички, или целосно лажни, но сепак се објавуваат како легитимни.
Ново на Сител
-

Нови мерни станици во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
