Лазо Кутуровиќ шести пат најсреќен за Водици во Струмица

Лазо Кутуровиќ беше најсреќниот меѓу десетте верници кои скокнаа по светиот крст во водите на градскиот базен Аквариус.
- Се фрлам од 1998 година. Тоа го правам за здравје. Господ ми дава среќа и еве повеќепати стигнувам прв до крстот кој ми го чува здравјето. Ќе учествувам секоја година се дури можам, вели Куртовиќ.
На церемонијата учествуваа голем број граѓани, претставници на локалната власт, политички партии, граѓански здруженија.
Општина Струмица и заменик-градоначалникот Коста Костадинов на Куртовиќ му подарија реплика на најстариот крст најден во струмичкиот регион. Компаниите „ЗЕГИН“ и „АЛМАКС“ му подарија телевизор, оптика „Сфера“ рачен часовник, а златарница „Златко“ ланче со златен крст.
Во Струмица централната манифестација се одржа во црквата Св. Кирил и Методиј.
Ново на Сител
-

Такси дејноста станува хоби, не професија
-

Двојно поголем интерес за субвенции за возачки во Радовиш од предвиденото
-

Охридската болница станува регионален центар
-

Германскиот јазик се поатрактивен кај учениците - Прилеп домаќин на Државната олимпијада за основци
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
