ЛДП против воведувањето на прогресивен данок

Собранието денес без поддршка од ЛДП ги усвои измените во даночниот систем со воведување на прогресивен данок и оданочување на доходот од закуп, подзакуп, дивиденди, капитални добивки, игри на среќи и друг доход да се врши со примена на единствена даночна стапка од 15 отсто.
Оваа политика беше најавена во програмата на Владата, но е спротивна на долгогодишните програмски залагања на ЛДП за рамен данок и пониски даночни стапки.
Заедно со бизнис заедницата, со претприемачите, со информатичарите, со уметниците, со лекарите, со професирите, со креативните творци во нашето општество укажувавме дека ова е погрешен чекор. Мнозинство во коалицијата денес направи грешка.
Ќе продолжиме да се бориме за нашите либерални постулати. Македонија мора да биде конкурентна, Македонија мора да стимулира креативност, Македонија мора да биде конкурентна.
Не смееме да дозволиме одлевање на капиталот и инвестициите од Македонија, особено во соседните земји кои нудат поконкурентни услови.
Ќе ги следиме економските показатели и веќе наредната година кога ќе се увиди дека денешниот чекор е непродуктивен, ќе инсистираме заедно со сите, Собранието да ја врати политиката на рамен данок и на ниски оданочувања, стои во соопштението испратено од ЛДП.
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
