Фудбал
28. јуни 2016 - 14:15

ЛЕ - квалификации: Работнички - Будуќност на отворањето на еврокуповите

Европските фудбалски купови ќе стартуваат со денешните натпревари од Лигата на шампионите и Лига Европа, а еден од дуелите од Лига Европа е и натпреварот во Скопје што ќе го играат Работнички и Будуќност. Почетокот на дуелот е во 18 часот. 
 
Покрај овој дуел во Лига Европа во првото коло од квалификациите ќе играат уште:
Партизани – Слован Братислава,
Капаз – Дачија и
Сент Патрик – Женес Еш.
 
Другите натпревари од оваа фаза се играат во четврток, кога се и дуелите: Вадуц – Силекс (19 часот) и Шкендија – Краковија (20 часот).
 
Денеска се играат и четири натпревари од 1.колом од квалификациите од Лигата на шампионите, а двојките се:
Флора – Линколн,
Валета – Б 36,
ТНС – Тре Пене и
Санта Колона – Алашкерт.