Ле Пен: Франција треба да го следи примерот на Трамп за депортациите

– Лидерката на француската десница, Марин Ле Пен, денеска изјави дека Франција треба да заземе цврст пристап кон земјите кои одбиваат да примат депортирани лица, наведувајќи ги како пример американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот притисок врз Колумбија да прифати депортации.
Британските медиуми пренесуваат дека Ле Пен посочила дека Франција треба да преземе слични мерки кон Алжир, како што направи Трамп кон Колумбија.
Таа во интервју за француската телевизија рече дека Франција треба да биде „поагресивна“ со поранешните колонии како Алжир, користејќи ја тактиката на Трамп за воведување санкции и царини за да ги принуди да прифатат депортации.
Според неа, доколку Алжир не се согласи да соработува, Франција треба да го блокира трансферот на пари и да ги суспендира визите за Алжирците и нивните политички лидери.
Ле Пен нагласи дека Трамп успешно ги имплементирал тие мерки во првите денови на функцијата и го критикуваше францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретајо дека не направил доволно за имиграцијата.
Ново на Сител
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
